Срце во сигурни раце - кардиоваскуларна хирургија за вашето здравје.
Универзитетска Клиника за Државна Кардиохирургија е јавна здравствена установа специјализирана за хируршко лекување на заболувања на срцето и крвните садови. Основана е во 2015 година како дел од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје, со цел да обезбеди современа и достапна кардиохируршка грижа во рамки на јавниот здравствен систем.
Клиниката располага со просторија од 750 м², опремена со две операциони сали, интензивна нега, болнички соби, амбуланта. Медицинската опрема е од најнова генерација, што овозможува изведување на широк спектар на интервенции, од рутински до најсложени кардиоваскуларни хируршки процедури.
Во историјата на клиниката е забележан и значаен момент – токму тука е извршена првата трансплантација на срце на државно ниво. Воедно, во 2023 година, една од операционите сали е опремена со најсовремен ангиограф и со тоа е овозможена хибридна сала во која се извршуваат минимални инвазивни кардиоваскуларни интервенции. Благодарение на технологијата и тимот, клиниката е пулен за најмодерни лекувања на кардиоваскуларниот систем во регионот.
Клиниката има мисија да обезбеди достапна, сигурна и квалитетна здравствена заштита за сите пациенти кои имаат потреба од кардиоваскуларен хируршки третман, со акцент на стручност, одговорност и континуиран развој.
БРОЈ НА УСПЕШНИ ОПЕРАЦИИ
Срцеви Трансплантации
Срце