за нас
ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА
Специјализирана установа за кардиоваскуларни заболувања.
Како јавна здравствена институција, нашата визија е да обезбедиме подобро срцево здравје за секого, со пристапни и висококвалитетни услуги. Нашиот фокус е на безбедноста на пациентите и нивното целосно закрепнување.
Визија: Подобро срцево здравје за секого.
Нашата мисија е да обезбедиме најсовремен третман со целосно посветен пристап кон секој пациент.
Државна кардиохирургија е специјализирана здравствена установа која нуди висококвалитетна медицинска грижа за пациенти со кардиоваскуларни заболувања. Ние користиме најсовремени медицински технологии и иновации за да обезбедиме најдобри можни резултати и побрзо закрепнување на нашите пациенти, со минимални ризици.
Нашиот тим се состои од искусни кардиохирурзи, васкуларни хирурзи, анестезиолози и медицински сестри кои со координиран и професионален пристап работат на осигурување на највисок квалитет на здравствената нега.
БРОЈ НА УСПЕШНИ ОПЕРАЦИИ
Срцеви Трансплантации